еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Ридван Ибрахими, градоначалникот на Арaчиново, во кој беше пукано

Градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибрахими, кадар на владејачката ДУИ, повторно е во фокусот на јавноста, откако вчера маж пукаше со автоматска пушка во него.

При нападот се повредени две лица, кои биле во негова придружба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се повредените при нападот на градоначалникот на Арачиново

Градоначалникот на Арачиново не е повреден, повредени се две лица кои биле со него: Детали од МВР

Тој лани во мај доби, како што информираше самиот, закани по живот, а Јавното обвинителство поведе постапка за двајца браќа.

Неколку дена Општината поради тоа не работеше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца браќа му се заканувале на градоначалникот на Арачиново, Обвинителство поведе постапка

Во септември пак беше физички нападнат од неколку лица во просториите на Општината.

Тој тврдеше дека напаѓачите ги предводел член на семејството на поранешниот градоначалник на Арачиново, Брахим Ајвази, исто кадар на ДУИ.

Што му пишува во биографијата

Роден е во 1984 година во Скопје.

Основно и средно училиште завршил во Скопје, а дипломирал и завршил постдипломски студии на Државниот универзитет во Тетово во 2016 година и се стекнал со звање магистер по економски науки на отсекот сметководство и ревизија.

“Тој е многу добро упатен во компјутерски вештини и компјутерски програми, како и со други интернет апликации.

Има менаџерски способности, флексибилен е за тимска работа, ги завршува сите започнати работи во дадена временска рамка„ пишува во неговата биографија на официјалната страна на Општината.

Од јануари 2010 година е на раководни функции во здравствени установи.

Прво во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје.

Од 2012 година ја извршува функцијата организациски директор на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.

Од ноември 2021 година е избран за градоначалник на Општина Арачиново.

Оженет е и е татко на три деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали за „насилството“ врз градоначалникот на Општина Арачиново од Обвинителството

Каков имот пријавил градоначалникот на Арачиново кој ја затвори Општината поради „безбедносни причини“

Фото: Ибрахими/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарска фирма без закупен капацитет за пренос учествувала на повикот за набавка на гас

Редакција

Во анкетниот лист на Црвенковска, претседателката на Судскиот совет го нема кредитот на нејзниот сопруг

Редакција

(Фото) „Еден народ сме“: Споменици во Кочани вандализирани со бугарски симболи

Редакција