еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЗК Пелагонија лани со добивка

Лани ЗК Пелагонија АД Битола остварил оперативни приходи во износ од 1.644.647 илјади денари и истите бележат намалување за 17% во однос на претходната деловна година, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Во структурата на оперативните приходи највисока е ставката на приходи од продажба кои опфаќаат 85,21% од вкупните оперативни приходи или 1.401.405 илјади денари. Приходите од продажба се намалени во однос на претходната година за 21% или за 379.767 илјади денари.

Останатите оперативни приходи кои опфаќаат износ од 206.781 илјади денари учествуваат со 12,57% во вкупните оперативни приходи и истите се зголемени за 60% во однос на претходната година.

Остварените оперативни расходи во деловната 2023 година опфаќаат износ од 1.512.383 илјади денари и истите се помали во однос на оперативните приходи за износ од 132.264 илјади денари..

Промената на вредноста на залихите во анализираниот период за тековната година како разлика помеѓу вредноста на залихите на почетокот и на крајот од годината генерира расходна ставка во износ од 71.191 илјади денари и ЗК Пелагонија оствари оперативна добивка во износ од 61.073 илјади денари.

Во анализираниот пресметковен период во Групацијата ЗК Пелагонија се остварени финансиски приходи во вкупен износ од 508.048 илјади денари, додека финансиските расходи изнесуваат 48.904 илјади денари.

Со ова нето финансискиот ефект од работењето се зголемува и Групацијата оствари добивка пред оданочување во износ од 520.217 илјади денари.

За пресметковниот период пресметан е данок на добивка во износ од 5.750 илјади денари, а како резултат на тоа Групацијата искажала добивка по оданочување или нето добивка на износ од 514.467 илјади денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗК Пелагонија со добивка во третото тримесечије

ЗК Пелагонија ќе продава 2.803 сопствени акции или 1,12% од основната главина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1.мај влез во Грција без сертификат

Редакција

Убава вест: Оздравени 487 заболени од Ковид-19

Редакција

(Видео) Полициско насилство и обид за упад во градското Собрание на протестот на опозицијата во Белград

Редакција