еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детали за „насилството“ врз градоначалникот на Општина Арачиново од Обвинителството

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 69-годишен арачиновец кој се сомничи за „насилство“ врз градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибрахими.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Арачиново останува затворена, кој е градоначалникот кој доби закана по живот

– Осомничениот, 69-годишен арачиновец, на 23 мај без дозвола влегол во канцеларијата на градоначалникот, насилно барајќи да му се додели земјиште во надлежност на Општина Арачиново.

Откако не го нашол во канцеларијата, го пресретнал градоначалникот во дворот, започнал грубо да го навредува, да му се заканува и насилнички да се однесува, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Оттаму дополнуваат дека со цел обезбедување на присуството на осомничениот и непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднел предлог за определување мерки на претпазливост – обврска осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, забрана за посетување на службените простории на Општина Арачиново, како и забрана за приближување или воспоставување контакти со градоначалникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил градоначалникот на Арачиново кој ја затвори Општината поради „безбедносни причини“

Твитер реакции за затворањето поради „безбедносни причини“ на Општина Арачиново

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Скопје 208 лица заболени со коронавирусот, како изгледа мапата по скопските општини

Редакција

Во интерес на ЕУ е неодложно започнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија, вели Могерини

Редакција

(Фото) Се омажи ќерката на Бранко Црвенковски, Марија

Редакција