еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Општина Арачиново останува затворена, кој е градоначалникот кој доби закана по живот

Општината Арачиново останува затворена. Од таму пред неколку дена информираа дека причината е заканата по живот за градоначалникот Ридван Ибрахими, кадар на ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер реакции за затворањето поради „безбедносни причини“ на Општина Арачиново

Општина Арачиново не работи оти градоначалникот добил закани по живот

Од МВР информираа дека за заканата привеле 69-годишниот арачиновец, а за кој Јавното обвинителство соопшти дека е отворена истрага за насилство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да си ги решат меѓупартиските препукувања, вели Спасовски за инцидентот во Арачиново

Ибраими и лани во септември во полицијата пријави дека бил цел на физички напад и тврдеше дека напаѓачите ги предводел член на семејството на поранешниот градоначалник на Арачиново, Брахим Ајвази, исто кадар на ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил градоначалникот на Арачиново кој ја затвори Општината поради „безбедносни причини“

Што му пишува во биографијата

Роден е во 1984 година во Скопје.

Основно и средно училиште завршил во Скопје, а дипломирал и завршил постдипломски студии на Државниот универзитет во Тетово во 2016 година и се стекнал со звање магистер по економски науки на отсекот сметководство и ревизија.

“Тој е многу добро упатен во компјутерски вештини и компјутерски програми, како и со други интернет апликации.

Има менаџерски способности, флексибилен е за тимска работа, ги завршува сите започнати работи во дадена временска рамка„ пишува во неговата биографија на официјалната страна на Општината.

Од јануари 2010 година е на раководни функции во здравствени установи.

Прво во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје.

Од 2012 година ја извршува функцијата организациски директор на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.

Од ноември 2021 година е избран за градоначалник на Општина Арачиново.

Оженет е и е татко на три деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали за „насилството“ врз градоначалникот на Општина Арачиново од Обвинителството

Фото: Ибрахими/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија не попушта за Македонија, ЕУ не сака одвојување од Албанија 

Редакција

Еден од обвинетите не дојде: Стартот на новото судење за „Таргет-Тврдина“ одложено за утре

Редакција

ЈП „Паркови и зеленило“ вработува, плата до 26.759 денари

Редакција