еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

САД ја обвини Владата на Косово за тензиите во земјата и посочи дека тоа ќе влијае на нивните билатерални односи

САД силно ги осудуваат дејствијата на Владата на Косово за насилен пристап до општинските згради на северот на Косово, дејствија што ги презедоа против советите на САД и европските партнери на Косово.

Тоа се нагласува во пораката на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„Тие акции остро и непотребно ги ескалираа тензиите, поткопувајќи ги нашите напори да помогнеме во нормализирање на односите меѓу Косово и Србија и ќе имаат последици за нашите билатерални односи со Косово.

Го повикуваме премиерот Албин Курти да го смени курсот и сите страни да се воздржат од какви било понатамошни дејства што ќе ги разгорат тензиите и ќе промовираат конфликти“, стои во пораката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Немири во северно Косово, повредени десетина лица

МИА/Фото: Еуролекс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Увид во Избирачкиот список од 26 февруари, кампањата стартува на 23 март

Редакција

„Нека ме сменат“: Бугарската министерка за економија Нинова нема да потпише одлука ако Бугарија одлучи да ѝ обезбеди оружје на Украина

Редакција

Седум нови сомнителни случаи на заболени од морбили

Редакција