еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Немири во северно Косово, повредени десетина лица

Во тек се немири во Лепосавиќ каде се фрлени шок бомби, пренесе Данас, повикувајќи се на Н1.

Во болницата во Косовска Митровица е потврдено дека во конфликтот меѓу специјалните сили на полицијата и насобраните граѓани се повредени десетина лица, јави дописникот на РТС.

Во моментов ситуацијата е малку смирена, но е многу тензична и се заканува да ескалира, јави дописникот на РТС.

Сирени за воздушни напади, солзавец и наводно детонации и истрели од огнено оружје денеска одекнаа во четири општини на северот на Косово, претежно населени со Срби, на денот кога градоначалници од албанска националност требаше да стапат на должност.

Претходно РТС јави дека полицијата го обезбедила влезот на новиот градоначалник на Општината, Измир Зеќири во зградата на локалната самоуправа во Зубин Поток. Пред тоа полицијата со солзавец ги растера насобраните граѓани, потсетува телевизијата.

Голем број припадници на специјалната полиција се уште се пред Општина Звечан, јави дописникот на РТС.

Дел од полицајците со оклопни возила го напуштиле просторот околу Општината, а оние што останале се уште го контролираат тој простор. Полицијата ја ставила под контрола општинската зграда, но не дозволува пристап.

Како што пишува Албаниан пост, Владата на Косово неколку часа претходно ги известила земјите од Квинтата за намерата со помош на полицијата да влезе во општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.

За споменатата акција, според Албаниан пост, не добиле согласност од САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија. Но, и покрај тоа, косовските институции решија да продолжат со планот, пишува albanianpost.com.

Фото: Еуролекс/Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клиника Жан Митрев: Одбивањето на жалбата за одблокирање на сметките ја потврдува хајката против клиниката

Редакција

Визер нема да лета од Скопје и Охрид до Милано, Тревизо и Бергамо до 3 април, за да го спречи ширењето на корона вирусот

Редакција

Починаа уште 14 лица од Ковид 19, од нив тројца во вонболнички услови

Редакција