еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Клиника Жан Митрев: Одбивањето на жалбата за одблокирање на сметките ја потврдува хајката против клиниката

Tоа што Советот на Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата за деблокирање на сметките е свесно и намерно спречување на работата на Клиника Жан Митрев и натамошна реализација на намерата Клиниката да се доведе во позиција на неодржлива криза и да се спречи работата без ни малку одговорност за јавниот интерес што го има клиниката како здравствена организација, регираат од клиниката на одлуката на Апелациониот суд.

-Токму заради јавниот интерес за пациентите и сите оние што имаат потреба од врвна медицинска нега, беше побарано деблокирање на сметката за клиниката да може да работи без притисокот во секојдневните обврски кон банките и добавувачите.

Одбивањето на барањето за деблокирање на сметката зборува за организирана хајка и систематско инструираниот процес против клиниката и д-р Митрев со неосновано обвинение. Во постапката против врвниот македонски кардиохирург и Клиниката Жан Митрев посветени на спасување животи не постои пресумпција на невиност, туку организиран и систематски инструиран процес.

Се надеваме дека во фокусот на сите што се посветени на мониторирање на нашиот правосуден систем ќе дојде на ред и врвниот јавен интерес, а тоа е оневозможување на конструирање на судски процеси со цел да се уништат успешни стручњаци и правни субјекти.

Сепак и покрај блокираните сметки Клиника Жан Митрев секојдневно работи, прави сложени хируршки зафати и спасува животи на наши граѓани, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апелација ја одби жалбата на Жан Митрев за блокирање на сметката на болницата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Електрани, Водостопанство и МВР имаат склучено највредени договори без оглас

Редакција

(ВО ЖИВО) Церемонија на подигање на знамето на НАТО пред зградата на Владата

Редакција

Нови 30 дена притвор за ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски

Редакција