еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за поранешна градоначалничка на Македонска Каменица

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.С.(55) од Македонска Каменица и Т.С. (35) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“, информираат од таму.

На 11.08.2020 С.С. како градоначалник на општина Македонска Каменица, ја злоупотребила својата службена положба и овластување, постапувајќи спротивно на чл.50 ст.1 т.15 од Законот за локална самоуправа и наместо имотот на општината да го евидентира и да спроведе транспарентна постапка за негово отуѓување, откако претходно се уверила дека двете цистерни за мазут не се водат како основно средство на основно училиште во Македонска Каменица, ангажирала јавно претпријатие од Македонска Каменица за откривање и вадење на цистерните.

Второпријавениот го организирал отстранувањето на цистерните од јавна површина од Македонска Каменица преку правно лице од Кавадарци за износ од 147.200 денари. Со извршеното дело пријавените предизвикале вкупна материјална штета на општина Македонска Каменица во износ од 7.600.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се очекува одлука од Грција за обнова или поништување на забраната за авионско, железничко и копнено поврзување со државава

Редакција

На Шар Планина нема воведено забрана за движење во шума, но потребно е да се пријавите

Редакција

Поразителни резултати: Низок степен на образование во Македонија имаат 17,7% од лицата на возраст меѓу 25 и 34 години

Редакција