еМагазин
Image default
Балкан

„Нека ме сменат“: Бугарската министерка за економија Нинова нема да потпише одлука ако Бугарија одлучи да ѝ обезбеди оружје на Украина

Бугарската вицепремиерка и министерка за економија Корнелија Нинова, која е лидер на БСП, изјави за БНТ дека ако Националното собрание одлучи Бугарија да ѝ обезбеди оружје на Украина, нема да ја потпише одлуката како министер за економија и индустрија, дури по цена да биде сменета од Владата.

Според Нинова, ваквата одлука на Парламентот на Бугарија многу би ја искомплицирала ситуацијата, јави дописникот на МИА од Софија.

Таа истакна дека нема да потпише документ со кој ѝ се дозволува на Софија да извезува воена помош за Киев. Според неа, бугарскиот интерес и повеќето граѓани сметале дека оружје не треба да се извезува во Украина.

Нинова нагласи дека БСП се изјаснила против нејзиниот колега, вицепремиерот Асен Василев, кој рече дека бугарската Влада разговара за протерувањето на руската амбасадорка Елеонора Митрофанова. Според неа, прогласувањето на Митрофанова за персона нон грата е последниот чекор, еднаков на прекин на дипломатските односи на Бугарија со Русија.

Лидерката на БСП најави дека нејзината партија ќе се спротивстави на купување осум нови авиони-ловци Ф-16 од САД, бидејќи според нивните сметки, Бугарија во овој момент не може да одвои средства за тоа.

Нинова ги повика своите коалициски партнери од „Продолжуваме со промената“ и „Има таков народ“ да најдат начин да ги намалат меѓусебните тензии, поради изборот на шеф на Бугарската народна банка.

Таа смета дека било грешка да се предложат двајца партиски кандидати за таа функција. Според Нинова, двете кандидатури на владејачката коалиција во Бугарија треба да се повлечат и на оваа функција да се избере независен банкар со многу широко искуство.

МИА/Фото: Фејсбук/Нинова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Голем инцидент: Албански полицајци застрелаа Грк заради грчкото знаме

Редакција

Србија: Пораките на Курти, Македонија да се приближи на Косово, а да се одалечи од Србија се безобразлук

Редакција

Турската лира на рекордно ниско ниво по почетокот на новиот мандат на Ердоган

Редакција