еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Преамбулата на Уставот се предлага да се додадат уште шест народи

Работната група на Министерството за правда на вчерашната седница ја усвои Предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Македонија.

Предлогот ќе се достави до Владата која ќе треба да ја проследи иницијативата до Собранието каде ќе ги помине сите работни тела.

Промените се во делот на Преамбулата со тоа што се додаваат неколку народи, односно после бошњачкиот народ се додаваат зборовите бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ и египќански народ.

Како што информираше вчера претседателката на работната група, Маргарита Цаца Николовска, одлуките биле изгласани едногласно.

– Состанокот заврши успешно, едногласно ги донесовме сите одлуки, имавме плодна дискусија, имаше презентација на едни, на други аргументи, но она што е најважно е дека се согласивме со она што е предлог за пристапување кон измена на Уставот на РСМ со одредени насоки, изменувања и дополнувања таму каде што треба.

Промените се во делот на Преамбулата со тоа што се додаваат неколку народи. После бошњачкиот народ се додаваат зборовите: бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ, изјави Николовска.

Втората измена, како што дополни таа, е во делот за дијаспората и во амандманот 34, кој е заменет со член 49 и амандманот 2. Во овој амандман на Уставот на Македонија со кој се заменува членот 49 и амандманот 2, после бошњачкиот народ се додаваат зборовите бугарски народ, хрватски, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ.

Таа соопшти дека има измена и во Комитетот за односи меѓу заедниците заради тоа што сега се јавува поголем број на народи кои можат да продуцираат поголем број пратеници и да има пратеници во Комитет на заедници.

-Тука е бројот 43, запазен е паритетот, со тоа што по 16 члена од редовите на пратениците во Собранието од редовите на Албанците и Македонците, по еден од редот на пратениците во преамбулата, со тоа што доколку некоја од заедниците нема пратеници, тогаш останува Народниот правобранител по консултации со релевантните претставници на тие заедници да предложи членови на Комитетот, рече Цаца Николовска.

Работната група изготвила и кратко образложение за иницијативата и нејзината основаност и оправданост.

– Ова е наративниот текст. Јас ги прочитав измените и одредените членови во Уставот, меѓутоа амандманите после ќе треба да се припремат во текстот така како што треба да се презентираат пред Собранието.

Сега да посакаме успешна работа и на Собранието, да ги прифатат овие да речам предлог-измени, за да може понатаму државата успешно да ја тера постапката во остварување на заедничката стратешка цел – влез во Европа, изјави Цаца Николовска.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера го повика премиерот Димитар Ковачевски да ги стави уставните измени на дневен ред во Собрание и доколку се покаже дека нема мнозинство да си поднесе оставка.

Мицкоски повтори дека во овој парламентарен состав измени на Уставот ќе нема.

– Ја користам оваа прилика и го повикувам човекот кој што е поставен таму, Димитар Ковачевски, и вистинскиот кој што ја води Владата, Артан Груби заедно со Али Ахмети да ги достават овие барања во Парламентот односно да ја достават потребата за отворање на Уставот за да можат пратениците да се изјаснат.

Еве час поскоро, нели викаат континуирано од минатата година, помина една година, а ние слушаме е сега во септември имаме 2/3 мнозинство, помина септември, дојде октомври, е не до октомври, туку до крај на година, па помина 2022 година, е не било до крај на година, било до февруари, помина февруари, сега викаа мај, еве го и мај поминува.

Затоа ајде еве еднашка нека се охрабрат и нека го поднесат тоа барање и Али Ахмети и Димитар Ковачевски и да изгласаат пратениците, да видиме како ќе гласаат, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД: Ако нема уставни измени, тоа ќе влијае на односите со САД и ќе биде загрижувачки чекор за НАТО сојузници

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И 2023. ќе биде тешка година за бизнисот, оцени извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев

Редакција

За професорката Јачева-Улчар едностраната изјава за македонскиот јазик е срам за дипломатијата и македонската наука

Редакција

Намалување од 26,5%: Минатата недела 36 лица по вторпат заболеле од Ковид-19

Редакција