еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Во анкетниот лист на Црвенковска, претседателката на Судскиот совет го нема кредитот на нејзниот сопруг

Павлина Црвенковска, новата претседателка на Судскиот совет се најде во фокусот на јавноста откако оштетените штедачи од Еуростандард банка информираа дека фирмата „Екопласт рисајклинг“ во сопственост на нејзиниот сопруг, Зоран Црвенковски, повеќе од две години не враќала рати од кредит на фирмата во висина од 1,6 милиони евра, земен од оваа банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Павлина Црвенковска избрана за нова претседателка на Судскиот совет

Штедачите соопштија и дека нејзината ќерка била во кредитниот одел на Еуростандард банка и обвинија дека сега Црвенковска од новата позиција ќе го штити сопругот во судските постапки.

Во нејзината реакција, Црвенковска пак соопшти дека фирмата на нејзиниот сопруг зела кредит во 2014 година, но поради криза, четири години подоцна, од истата биле отпуштени 50. вработени. Се барал стратешки партнер, но фирмата не успеала да го најде до затворањето на Еуростандард банка.

За ќерката, Црвенковска пак информираше дека работела во кредитниот оддел по забраната за давање на кредити, а во обвинувањата на штедачите виде обид за нејзина дискредитација од некои кругови.

Каков имот пријавила?

еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Антиикорупциска комисија, кога минатата година станала член на Судскиот совет.

Во истиот спомнатиот кредит го нема, ниту пак фирмата на сопругот.

На свое име пријавила стан од 20 метри квадратни од наследство, во Скопје, а истиот е проценет на 1,2 милиони денари.

Како заеднички имот пријавила накит, благородни метали и уметнички и колекционерски предмети.

На име на сопругот пријавила возило и камп приколка.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

КАМ продолжува да ги надградува бенефициите за своите вработени

Редакција

Нема да понесам и нема да побарам одговорност, вели Заев за задоцнетите мерки и зголемениот број на заболени од Ковид-19

Редакција

Дојава за бомба и на скопскиот аеродром

Редакција