еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

КАМ продолжува да ги надградува бенефициите за своите вработени

Континуирано вложување во своите вработени е главната цел на компанијата КАМ, поради што од почетокот на новата 2024 година компанијата воведе и голем број на бенефиции со кои овозможува подобри работни услови за сите вработени, информираат од таму.

КАМ сега вложува уште повеќе во здравјето на своите вработени со тоа што обезбедува тренинг-картичка за спортските ентузијасти, со која можат да си изберат спортски активности по желба, со партиципација од компанијата, како и ваучер за спортска опрема во вредност од 6.000 денари.

Почнувајќи од декември 2023 година, на лојалните вработени во секторите Продажба и Логистика двапати годишно им се исплаќаат бонуси, како и училишен пакет производи за децата на вработените кои одат на училиште, а дополнително секој вработен со принова во семејството добива подарок пакет со производи за новороденче.

– Една компанија може да биде успешна само доколку нејзините вработени се среќни и задоволни, а ние со секој нов нареден чекор се стремиме во таа насока. Нашите вработени се лицето на КАМ и секоја нова активност што ја преземаме е со идејата да создаваме атмосфера во која сите се чувствуваме како еден голем тим во кој секој е задоволен и сака да го даде својот максимум.

Токму затоа сметаме дека овие бенефиции се клучни за да го подобриме секојдневието на нашите вработени. Константно размислуваме и работиме на тоа како да внесеме новитети и да одиме заедно уште понапред, како едно големо КАМ семејство. 2023 година ја завршивме со богата новогодишна претстава и со подарок пакетчиња за децата на нашите вработени, што беше посебно весел момент и за нас и за најмалечките, велат од менаџерскиот тим на компанијата.

Неодамна КАМ ја дополни листата на бенефиции со зголемување на регресот за годишен одмор, воведе и платено колективно осигурување за сите свои вработени, а дополнително овозможи и платен превоз за вработените во маркети чие живеалиште е одалечено повеќе од 5 километри од маркетот во којшто работат.

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените со проширување на листата на бенефиции и континуирано зголемување на платите, велат од таму.

Компанијата има мрежа од 83 маркети низ цела Македонија, а има и свои маркети во соседна Бугарија и на Косово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јадранско Море подготвено за сезона: Црна Гора ќе ги отвори сите граници за туристите следната недела

Редакција

Славниот продуцент Харви Вајнстин прогласен за виновен за силување и сексуално вознемирување

Редакција

Со испитување на вештачи продолжи судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција