еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Јадранско Море подготвено за сезона: Црна Гора ќе ги отвори сите граници за туристите следната недела

Црна Гора ќе ги отвори сите граници за туристите следната недела, објави премиерот Здравко Кривокапиќ по посетата на Грција.

„Овој ден е симболичен, бидејќи Грција е отворена за сите туристи. Продавници, ресторани и хотели почнаа со работа, што укажува на важноста на силната врска што треба да ја следиме, бидејќи нашите протоколи се слични, приодите се приближни исти и Црна Гора ќе ги отвори сите граници за туристите следната недела, со најважниот збор – Добредојдовте на црногорското приморје,“ изјави Кривокапиќ.

Тој додаде дека државата ќе обезбеди силна поддршка особено на инвеститори од Грција кои повеќе ќе бидат во Црна Гора.

МИА/Фото: Photo by John Vincent on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ципрас: Со крената глава ја прифаќаме одлуката на народот

Редакција

Кој е „предавникот“ во ВМРО ДПМНЕ?

Редакција

НЛБ Банка лани работела со зголемени приходи и добивка

Редакција