еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

НЛБ Банка лани работела со зголемени приходи и добивка

Во периодот од 1.1.2021 до 31.12.2021 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2021-та година, прилагодувајќи го работењето на изменетите пазарни услови поради пролонгираната пандемија од Ковид-19, која донесе бројни ограничувања во домашната и меѓународната економија, информираат од Банката во годишниот извештај за финансиското работење за минатата година, објавен преку Македонската берза.

„Гледано за првата половина од годината реалниот раст на економијата е во рамки на очекувањата, додека во втората половина расположливите податоци покажуваат на понатамошен годишен раст на економската активност.

Во такви услови, целта на Банката, како една од водечките финансиски институции, е да ја зачува високата ликвидност и солвентност, да го задржи континуитетот и квалитетот на услугите кои ги нуди и да обезбеди финансиска поддршка на клиентите.

Во текот на 2021 година, Банката оствари позитивни резултати преку реализација на низа активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со продукти и платни сервиси.

Во анализираниот период, Банката продолжи со имплементација на стратешките иницијативи во инвестиции во дигитализација и нови технологии, со цел пренасочување на клиентите кон дигиталните канали како поедноставни, поевтини и побезбедни начини на извршување на банкарските трансакции.

Инвестициите во дигитализацијата, подобрениот квалитет на средствата, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите извонредни финансиски резултати во изминатата година, во 2021-та беа наградени од финансискиот магазин ЕМЕА на Europe Banking Awards 2020 каде НЛБ Банка АД Скопје e избрана за Најдобра банка во C. Македонија, Европска Банка за Обнова и развој каде НЛБ Банка АД Скопје е наградена за придонесот за успехот на програмата за финансирање на зелена енергија во резидентниот сектор.

Како признание за своето успешно делување на македонскиот пазар на капитал, кон крајот на годината НЛБ Банка беше наградена од Македонска берза АД Скопје во категоријата „Акција со најголем пораст на цената во 2021 година”“, велат од Банката.

Заклучно со 31.12.2021 година билансната сума изнесува 107.709.479 илјади денари, односно се зголеми за 11.164.266 илјади денари или 11,6% во однос на 31.12.2020 година, велат од Банката.

“Паричните средства и паричните еквиваленти изнесуваат 19.704.740 илјади денари и бележат зголемување од 12,1% во однос на 31.12.2020.

Кредитите и побарувањата од банки бележат намалување од 501.725 илјади денари во однос на 31.12.2020.

Вкупните кредити кај небанкарскиот сектор изнесуваат 65.593.290 илјади денари и бележат зголемување од 13,1% во однос на 31.12.2020.

И покрај продолжената ситуација со Ковид-19 во земјата, кредитирањето кај домаќинствата и нефинансиските правни лица продолжи да се зголемува и во текот на 2021 година.

Вложувања во хартии од вредност изнесуваат 18.341.504 илјади денари и се зголемени за 12,1% во однос на 31.12.2020 како резултат на зголемено вложување во домашни државни обврзници и странски државни обврзници и записи“, велат од Банката.

Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања во однос на 31.12.2020 година се намалени за 20,9%, велат од Банката.

„Намалувањето се должи на редовни годишни исправки на вредноста на нефинансиските средства согласно регулативата на НБРСМ.

Обврските по кредити се зголемени за 1.096.559 илјади денари заради повисокиот износ на повлекување на средства од кредитни линии кои се пласираат до крајни корисници – клиенти на Банката.

Субординираните обврски се зголемени за 49,8% во однос на 31.12.2020 година како резултат на аранжирањето на нов субординиран кредит со цел зајакнување на капиталот на Банката.

Акционерскиот капитал и резервите на Банката се зголемени 4,9% и изнесуваат 14.069.726 илјади денари“, велат од Банката.

Нето каматните приходи, заклучно со 31.12.2021 година се повисоки за 3,2% споредено со претходната година, при што приходите од камати се пониски за 0,2%, главно поради пониски каматни приходи од секторите нефинансиски правни лица, банки и штедилници и население, додека расходите по камати се пониски за 24,0% главно поради пониски каматни стапки и преструктурирање на изворите во корист на средства по видување, велат од Банката.

„Нето приходите од провизии се повисоки за 7,1% споредено со претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 19,4%, како резултат од зголемени приходи од ПОС терминали, повисоки приходи од услуги во платен промет во земјата и од трансакциски сметки.

Расходите за провизии се зголемени за 41,8%, главно поради повисоки расходи за картично работење и повисоки расходи за услугите за работењето со готовина.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 958.684 илјади денари и се зголемени во однос на претходната година, главно поради остварени повисоки наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и население, како и поради зголемени приходи од курсни разлики.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 5.167.258 илјади денари и се повисоки за 14,7% во однос на претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 2.099.245 илјади денари и се зголемени за 8,9%, при што трошоците за вработени се повисоки за 6,1%, трошоците за амортизација се повисоки за 16,6%, останатите расходи од дејност се повисоки за 9,9% во однос на претходната година.

Заклучно со 31.12.2021, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 576.512 илјади денари или 14,3% помалку во однос на претходната година соодветно на структурата и квалитетот на кредитната изложеност.

Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 46.323 илјади денари„, велат од Банката.

Бруто добивката на Банката заклучно со 31.12.2021 година изнесува 2.445.178 илјади денари и е зголемена за 31,6% во однос на претходната година, велат од Банката.

„Нето добивката на Банката заклучно со 31.12.2021 година изнесува 2.219.107 илјади денари и е зголемена за 30,2% во однос на претходна година“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку пари чуваат граѓаните во НЛБ Банка

Именувани тројца нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, меѓу кои и Антонио Аргир

Бранко Грегановиќ ќе ја води НЛБ Банка Скопје: Што пишува во неговата биографија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓаните да не се мачат да одат во Фонд за здравство за исплати на породилно, боледувања, надоместоци за ортопедски помагала

Редакција

Притвор за осомничениот за криумчарење злато и девизи на Богородица, во вредност од еден милион евра

Редакција

Две години и три месеци затвор за 21-годишниот Зеќири, кој усмрти десетгодишно дете на „Пластичарска“

Редакција