еМагазин
Image default
Бизнис

Колку пари чуваат граѓаните во НЛБ Банка

Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) на НЛБ Банка АД Скопје на 31 декември лани, изнесувале 86.589.168 илјади денари и во однос на 31.12.2020 година се зголемени за 6.809.329 илјади денари или за 8,5%, стои во годишниот извештај за финансиското работење на Банката за минатата година, објавен преку Македонската берза.

„Зголемувањето на депозитите се должи на нови клиенти од сегментот домаќинства кои се приматели на пензии, плата и други видови примања, нови клиенти кои ги користат физичките и електронските платни сервиси на Банката и нови клиенти од сегментот нефинансиски правни лица, како и на зголемувањето на приливот на средства на сметките на постојните клиенти во домашна и странска валута“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НЛБ Банка лани работела со зголемени приходи и добивка

Именувани тројца нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, меѓу кои и Антонио Аргир

Бранко Грегановиќ ќе ја води НЛБ Банка Скопје: Што пишува во неговата биографија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Славчо Филипчев влезе во Одборот на директори на Македонската берза

Редакција

До 300 милиони евра ќе бидат потребни за планот за непречено снабдување со струја

Редакција

„Македонски телеком“ и „Оне.Вип“ во тесна трка на пазарот на мобилна телефонија

Редакција