Според Државниот завод за статистика (ДЗС) во декември минатата година просечната нето плата во Македонија била 43.587 денари.
Податоците на ДЗС покажуваа дека најниската просечна нето плата за овој период е во секторот Заштитни и истражни дејности – 25.669 денари.
На листата на најниски просечни нето плати, која еМагазин редовно ја објавува, следи секторот Рибарство и аквакултура – 26.547 денари, па Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животна средина и природа – 27.185 денари, Производство на кожа и слични производи од кожа – 27.540 денари и Производство на облека – 28.231 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Највисоки просечни нето плати во декември, има промена на врвот
Колку изнесува највисоката просечна бруто плата во декември
Просечната нето плата во декември 43.587 денари