На Бојан Јовановски – Боки 13, кој неодамна излезе од затвор, каде беше за отслужување на казната за случајот „Рекет“, од почеток ќе му се суди за предметот „Меѓународен сојуз“.
Оваа следи откако Апелацискиот суд Скопје ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот во делот за кривичните дела “Измама“ и “Перење пари“, информираа од Судот.
Во април 2022 година за овој предмет неправосилно доби казна од девет години, колку што доби и за „Рекет“.
Во предметот „Меѓународен сојуз“, тој е обвинет дека преку оваа невладина организација измамил бизнисмени со проекти за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Господ на помош“: Боки 13, кој излезе од затвор објави селфи од пред Соборниот храм
Фото: Боки 13/Инстаграм