еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ниту ќе се раскине, ниту ќе се репреговара договорот со „Бехтел и Енка“, а најверојатно ќе остане и државна тајна

Пред да дојде на власт договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатите од Коридорите 8 и 10-д, често беше критикуван од ВМРО-ДПМНЕ, а премиерот Христијан Мицкоски најавуваше негово раскинување или репреговарање.

Сега, министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека ќе било недомаќински и душмански за македонскиот буџет да се раскинал договорот.

-Изведувачот може да тужи и да побара арбитража и веројатно да платиме уште толку и да отидат половина милијарда евра на македонските граѓани, а да немаме ни километар автопат, изјави тој вчера.

Тој смета дека истиот треба да биде декласифициран и да не биде државна тајна, ама за тоа да се случи ќе треба согласност од двете страни.

Рече и дека Владата ќе се обидела да добие повеќе километри за истата сума. Како тоа ќе го направи Владата, не откри.

-Договорот е класифициран како државна тајна што според моето скромно правничко познавање на оваа материја мислам дека не е согласно закон затоа што е многу јасно во Македонија што може да се класифицира како државна тајна.

Претпоставувам дека идејата на партнерот на другата страна била да се потпише еден класичен договор во којшто не се изнесуваат детали на конкуренцијата, но тоа е една работа, а сосем друга работа е да потпишете договор државна тајна што создаде магла околу договорот.

За жал, како е поставен договорот, мора двете страни да дадат согласност за оваа работа и се надевам дека ќе дадат согласност да го декласифицираме и јавноста да го види, кажа Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Бехтел и Енка“ не ги градат автопатите според планираното, вредноста не може да се потврди, открива Државна ревизија

Новата влада ќе го репреговара договорот со „Бехтел и Енка“

(Фото) „Бехтел и Енка“ бара работници со познавање на „северномакедонски јазик“, кој не постои

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Кинеските вакцини не созддаваат клеточен имунитет, нивната заштита многу брзо „бледее“

Редакција

Колкава моќ има Заев во партијата, што пишува во Статутот на СДСМ?

Редакција

8 хоспитализирани, 17 со претходни заболувања, детали за новозаболените со коронавирусот во Македонија

Редакција