еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) „Бехтел и Енка“ бара работници со познавање на „северномакедонски јазик“, кој не постои

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ кој ги гради делниците од коридорите 8 и 10-д, за кои граѓаните ќе платат над 1,3 милијарда евра, во оглас бара работници со познавање на „северномакедонски мајчин јазик“, кој не постои.

За огласот денеска информираа од Институтот за демократија, човекови права и дигнитет, од каде посочија дека употребата на формулацијата „северномакедонски мајчин јазик“. наместо македонски јазик, е протизаконска.

„Бараме одговор од македонската Влада и фирмата ‘Бехтел и Енка’, зошто на огласот за вработување за работното место ‘Водач за односи со јавноста’ е наведен официјалниот јазик на земјата како ‘северномакедонски мајчин јазик’, а не македонски, согласно Закон?

Зошто во албанската верзија македонскиот јазик е наведен како ‘мајчин јазик на Република Северна Македонија’ и зошто во огласот за вработување од ‘Бехтел и Енка’, македонската верзија е последна, по англиската и албанската?“, стои во информацијата од Институтот.

Од таму посочуваат дека огласот е спротивен на одредбите од Законот за употреба на јазиците, ги дискриминира Македонците и треба веднаш да биде отстранет или коригиран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На „Бехтел и Енка“ им фалат работници, колкави се платите?

И „Еуровиа“ меѓу подизведувачите на „Бехтел и Енка“ за делницата Гостивар – Букојчани

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Магдалена Филиповска – Грашкоска, новата директорка на Фондот за здравствено осигурување

Редакција

Имотот на Јанакиески, Мисајловски и Божиновски под лупа на Антикорупциска

Редакција

Од денеска во Косово и Албанија со лични карти и меѓусебно признавање на стручните дипломи

Редакција