еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

НЛБ Банка и Економскиот факултет Скопје потпишаа меморандум за соработка: „Нови можности за студентите и развој на младите таленти“

Во просториите на деканатот на Економскиот факултет- Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, Тони Стојановски, и деканот на Факултетот, проф. д-р Предраг Трпески потпишаа Меморандум за соработка, со кој се согласија да развиваат заеднички активности насочени кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните процеси, информираат од Банката.

Преку оваа соработка, НЛБ Банка и Економскиот факултет ќе ја зајакнат врската помеѓу теоретското знаење и практичната примена, создавајќи можности за директна соработка помеѓу студентите и експертите од индустријата.

„Соработката со Економскиот факултет-Скопје е важен чекор за НЛБ Банка во насока на нашата посветеност на развојот на младите таленти и нивното вклучување на пазарот на труд.

Благодарение на партнерството, студентите ќе се запознаат со реалните предизвици со кои се соочува индустријата, а ние како Банка ќе бидеме во можност да вложиме во нивниот развој и да ги подготвиме за идните професионални патишта. Со оваа соработка очекуваме да направиме значителен придонес во образованието и општеството“, изјави Стојановски, претседател на УО на НЛБ Банка.

Во контекст на партнерството деканот на Економискиот факултет проф. д-р Предраг Трпески додаде: „Оваа соработка ја нагласува нашата посветеност да го поврземе академското знаење со финансиските практики од реалниот свет, создавајќи можности за нашите студенти, факултет и пошироката заедница да напредуваат.

Преку овој меморандум, имаме за цел да промовираме заеднички раст и да го поддржиме континуираниот развој на секторот за финансиски услуги, истовремено обезбедувајќи им на нашите студенти уникатни можности за учење, истражување и професионален развој “.

Соработката помеѓу НЛБ Банка и Економскиот факултет има долга традиција и е важна за двете страни – за Банката, тоа е шанса за привлекување млади таленти и развој на идни стручњаци, а за факултетот, партнерството овозможува подобрување на наставната програма и поврзување со индустријата, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Донација на НЛБ Банка за Клиниката за гинекологија и акушерство: Интраклинички транспортен систем за респираторна терапија на предвремено родени бебиња

Редакција

Енергетска поддршка од Имлек протеин на Охрид ultra trail 2024

Редакција

Кој е Јован Митрески, новиот претседател на Собранието

Редакција