еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

НЛБ Банка со промотивна кампања и намалени каматни стапки за станбени кредити

Под слоганот „Почни од нула“, НЛБ Банка започна промотивна кампања за станбени кредити, овозможувајќи им на сите оние кои размислуваат за нови почетоци, нов или сопствен дом, бараниот кредит да го добијат со единствени поволности, информираат од таму.

Во промотивниот период кој трае до 31. август годинава, клиентите кои ќе ја изберат НЛБ Банка за свој кредитен партнер при купување на стан, кредитот го добиваат без трошоци за одобрување, без нотарски трошоци и без трошоци за проценка на недвижност, а сега и со намалени каматни стапки, фиксни за период од 5, односно 10 години.

Дополнителна придобивка за клиентите е експертското водство, стручните насоки и поддршката на банкарскиот персонал во процесот од апликација до одобрување, како и широката понуда на Банката на повеќе градежни компании со кои се овозможени и поповолни услови за кредитирање, велат од таму.

Повеќе детали за сите кредитни продукти и промотивни понуди на НЛБ Банка се достапни на www.nlb.mk, или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унијата на медицински сестри бара докази за сестрата на Детска клиника, која нестручно се однесувала кон бебе

Редакција

Анализа на „Пари“: Топ 10 аптеки кои лани оствариле најголем приход

Редакција

Хаосот со автобускиот превоз во Скопје продолжува: Приватните превозници нема да возат, додека не се реши проблемот

Редакција