еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Хаосот со автобускиот превоз во Скопје продолжува: Приватните превозници нема да возат, додека не се реши проблемот

Приватните превозници добиле ветување од Советот на град Скопје дека ќе стори се што е во негова надлежност за да се надмине проблемот со кој се соочуваат превозниците.

Претседателот на Здружението на приватни превозници „Слобода превоз“, Ленин Јовановски во изјава за медиумите дадена по средбата со советниците на град Скопје, рече дека автобусите на приватните превозници нема да возат се додека не се реши проблемот. За тоа дали ќе протестираат, ќе одлучат дополнително.

– Целта на оваа средба е постигната. На следната седница што ќе се одржи во понеделник преку советнички прашања ќе побараат одговори на се она што ние не можеме да го добиеме.

Советот во рамки на неговите надлежности ќе направи се за надминување на оваа состојба. Добро е што сите претставници на советниците сакаат да се реши ова, изјави Јовановски.

Останува, како што рече, проблемот со ЈСП кое ги одложува исплатите кон приватните превозници.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пентагон: За 24 часа преку аеродромот во Кабул евакуирани 16.000 лица

Редакција

Познатата холивудска актерка Денис Ричардс пие чај Good Nature во популарното ријалити-шоу „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“

Редакција

Социјалдемократи од Северна Македонија, една од идеите за ново име на СДСМ

Редакција