еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Бугарскиот пратеник Костадинов и од Скопје порача дека Македонија е втора бугарска држава

Контроверзниот бугарски пратеник и лидер на националистичката партија Преродба, Костадин Костадинов, која е дел од последниот состав на бугарското Собрание и од Скопје порача дека Македонија е втора бугарска држава, односно дека треба да бидеме една држава која ќе се протега од Црно Море до Охридско езеро.

Тој денеска присуствуваше на отворањето на новите простории на Културно информативниот центар на Бугарија  во Скопје.

– Се разбира, Македонија е втора бугарска држава. Секој Бугарин во Бугарија ја сака Македонија, ние сме еден народ, зборуваме еден јазик и имаме заедничка култура. Јас ништо не ве убедувам, имате глава на рамењата. Јас ви велам ли како да се чувствувате? Зошто тогаш на луѓето тука кои сакаат да се чувствуваат како Бугари им забранувате така да се чувствувааат? Со вас зборувам еден ист јазик, се разбираме. Јас немам против да чувствувате како Македонци, им рече тој на новинарите.

На прашањето дали треба да се извини што во Скопје вели дека Македонија е бугарска, тој одговори дека не сака да лаже.

– Зошто да се извинувам, не ме терајте да лажам. Некои од вас мислат дека се Македонци, други не мислат така. Не се 3.500 Бугари, туку повеќе. Има многу граѓани со со бугарски пасоши. Да си ја зборуваме вистината. Бугарија и Македонија кои треба да бидат една, еден народ кој треба да биде од Црно Море до Охридско езеро, рече меѓудругото Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Костадин Костадинов, лидерот на „Преродба“, за кој македонското МНР реагира со вербална нота

Костадинов на почетокот на месецов од бугарското Собрание изјави дека „Македонија е втора бугарска држава на Балканскиот Полуостров“ и се заложи „за обединување“ на земјава со Бугарија.

– Преродба работи на обединување на двете бугарски државни формации во една заедничка држава. Патот до ова обединување е целосна економска, културна и политичка интеграција, што ќе доведе до обновување на нарушеното единство на бугарската нација и ќе ја направи Бугарија најголема и најсилна земја во Југоисточна Европа, изјави тогаш Костадинов.

На изјавата на Костадинов реагираше македонското Министерство за надворешни работи, кое упати вербална нота до Софија,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР со уште една вербална нота за бугарскиот пратеник Костадинов, кој изјави дека „Македонија е бугарска“

Бугарскиот пратеник и лидер на “Преродба“, Костадинов повторно изјави дека „Македонија е бугарска“

Фото: Фејсбук/Костадинов/видео: А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меџити, Касами и Гаши денеска на средба за можна соработка

Редакција

(Видео) Американец уби 6-годишно дете со палестинско потекло поради војната во Израел

Редакција

(Фото) Силјановска за прв пат во кампањата ги покажа сопругот и ќерката

Редакција