еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР со уште една вербална нота за бугарскиот пратеник Костадинов, кој изјави дека „Македонија е бугарска“

Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека ќе биде упатена формална вербална нота до Министерството за надворешни работи на Бугарија поради изјавите на пратеникот и лидер на политичката партија „Преродба“, Костадин Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот пратеник и лидер на “Преродба“, Костадинов повторно изјави дека „Македонија е бугарска“

Од МНР информираат дека и претходно веќе реагирале на изјавите на пратеникот и лидер на политичката партија „Преродба“ во која, како што се наведува, посочивме дека очекуваме надлежните институции и политички претставници во Република Бугарија да се оградат и да го осудат овој говор на омраза во кој неспорно се содржат и територијални претензии.

-Не само што овие пораки се директно спротивни на духот на Договорот за пријателство во чија суштина е меѓусебната почит како основа за унапредување на добрососедските односи, туку и пораки кои не се ниту во духот на европските вредности и нашето заедничко евроатлантско сојузништво.

За денешниот инцидент формална вербална нота ќе биде упатена до Министерството за надворешни работи на Бугарија, се вели во соопштението од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Костадин Костадинов, лидерот на „Преродба“, за кој македонското МНР реагира со вербална нота

МНР со вербална нота за изјавата на лидерот на бугарската партија “Преродба“, Костадинов, за кој Македонија е втора бугарска држава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И министерот за образование Арбер Адеми позитивен на Ковид-19

Редакција

ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, амандмани и екологија

Редакција

28,7% од заболените со Ковид-19 во Македонија без симптоми

Редакција