Бугарскиот пратеник и лидер на партијата “Преродба“, Костадин Костадинов, во бугарското Собрание повторно рече дека „Македонија е бугарска“.
– Ќе го направиме тоа што нашата држава не го прави. Ќе зборуваме за бугарската историја, за бугарската култура и за бугарскиот јазик во Европската Унија, во Стразбур, во Брисел, таму каде што се центрите на европските институции, за да стане јасно едно – Македонија е бугарска, отсекогаш била и ќе биде. Македонија е Бугарија. Бугарија е Македонија, да живее Бугарија, рече Костадинов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пред неколку дена македонското МНР со вербална нота реагираше на иста изјава, која Костадинов повторно ја даде во бугарското Собрание.
Тој се осврна и на отварањето на македонскиот културен клуб во Благоевград.
– Во неделата бевме сведоци на обид за провокација – за постоењето на едно непостоечко малцинство во Бугарија, организирано директно или индиректно од нашата соседна земја. Оваа провокација беше спречена од потомците на Никола Вапцаров, изјави Костадинов и како што вели тој, ова нема да биде единствената ваква провокација.
– Пред четири месеци, кога го укинавме ветото на РС Македонија, предупредивме дека се отвора Пандорината кутија. Во Скопје е потпишан договор меѓу С Македонија и ЕК – договорот за заедничко обезбедување со „Фронтекс“ е потпишан на таканаречениот македонски јазик кој може да стане официјален во ЕУ. Логиката на ветото е да се решат сите прашања пред почетокот на преговарачкиот процес. Сето тоа ја потврди загриженоста на Преродба, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Костадин Костадинов, лидерот на „Преродба“, за кој македонското МНР реагира со вербална нота
Фото: Костадинов/Фејсбук