еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Костадин Костадинов, лидерот на „Преродба“, за кој македонското МНР реагира со вербална нота

Македонското Министерство за надворешни работи вчера реагираше со нова нота до Софија, поради изјавата на лидерот на бугарската партија „Преродба“, Костадин Костадинов, кој во бугарскиот Парламент ја нарече Македонија втора бугарска држава во Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР со вербална нота за изјавата на лидерот на бугарската партија “Преродба“, Костадинов, за кој Македонија е втора бугарска држава

Пратеник во бугарскиот Парламент ја нарече Македонија втора бугарска држава во Европа

Не му е првпат

На лидерот на партијата, која важи за националистичка, но и проруска, поради што Костадинов доби забрана од 10 години за влез во Украина, не му е првпат за Македонија да вели дека е бугарска.

Има бројни изјави во тој стил, а во последната, повторно дадена во бугарскиот Парламент, во јуни годинава, рече дека: “…Македонија е Бугарија, Мизија е Бугарија, Тракија е Бугарија, Добруџа е Бугарија“ и дополни: „Во Македонија се зборува бугарски јазик. Името С Македонија е вештачко, како резултат на притисокот од Грција.

А кога зборуваме за Македонија, зборуваме за милиони Бугари, за бугарскиот национален интерес…“.

Илегален влез во Македонија

Костадинов, пред неколку месеци на Фејсбук се пофали и дека илегално влегол во Македонија, барајќи го тромеѓето на „двете бугарски држави и Грција“.

„Успеав да остварам еден стар сон: се искачив на врвот Тумба, најјугозападната точка на Бугарија (засега), каде што се спојуваат границите на двете бугарски држави (Бугарија и Македонија) и Грција.

Ме чинеше 15 часа талкање во шумите на Беласица, каде што се изгубивме, долго пешачење по сртот на планината, каде што не разбравме како ја минавме границата и се искачивме на висок врв, за кој мислевме дека е Тумба, а се испостави дека е во непосредна близина, но во Македонија, па моравме да се вратиме, итн.“, напиша тој на Фејсбук.

Кој е Костадинов

Партијата која ја предводи Костадинов на последните параламентарни избори во Бугарија, влезе во бугарскиот Парламент. По завршувањето на изборите во Бугарија беше актуелен по тоа што на прес-конференција ги избрка новнарите од локалните медиуми.

Роден е во Варна и е доктор по етнографија.

Завршил магистратура по балканизам во 2002 година, и право во 2011 година на Великотрновскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Бил член на Националниот извршен комитет на ВМРО-БНД (партијата на Красимир Каракачанов) од 2007 до 2012 година и регионален координатор на ВМРО за областите Варна, Шумен и Добрич од 2002 до 2009 година.

На вонредниот конгрес на ВМРО-БНД, во октомври 2009 година, е избран за заменик-претседател на партијата, и на таа функција останува до октомври 2012 година.

Го напушта ВМРО во почетокот на 2013 година. Од 2012 до 2013 година е автор и водител на емисијата „За бугарската нација“.

Од 2013 до 2017 година е директор на Регионалниот историски музеј во Добрич и општински советник во општина Варна од коалицијата „Варна“.

Во 2015 година ја водел емисија „Бугарската слава“.

Партијата „Преродба“ ја основал во 2014 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Виктор Стојанов, кој бара ликвидација на Весна Бендевска

Кој е Милен Врабевски, главниот финансиер на бугарските клубови во Охрид и Битола

Кој е Томе Блажевски, претседателот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, кој се отвори во Охрид

Фото: Костадинов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија од утре ги повлекува рестрикциите за патување на македонските граѓани

Редакција

Д-р Кунгуловски: Во услови на дефицит потребен е еднодозен режим на вакцинација кај што повеќе луѓе

Редакција

Чешка ги зголеми квотите за работници од Македонија, Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија

Редакција