еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Обвинителите ја испитуваат пресудата на Апелација за Телеком

Министерот за транспорт Александар Николовски побарал Јавното обвинителство да го испита случајот во кој човек фирма од Штип бара од Македонски телеком 4 милиони евра, изјави тој за телевизијата Сител.

Пресудата за овој случај од страна на Апелациониот суд беше преиначена од првостепената, во корист на човек фирмата.

Министерството за случајот било известено по службена должност, а Николовски вели дека известувањето кое го добил покажало во каква лоша состојбата е македонското судство.

Тој очекува Обвинителството да постапи по овој предмет и да се расчисти овој случај, да се види кој судија од Апелација донел таква одлука и зошто е донесена ваква одлука.

За него е сомнително што Апелација во ист ден имала две различни изјави за случајот.

Владата е акционер во Македонски Телеком. Поседува 34,81% од акциите и златна акција и има свои преставници во Одборот на директори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

166 нови случаи на Ковид-19 од 1.049 тестирања, во Скопје 88

Редакција

Мицкоски бара Владата да го објави предлогот, вели дека во него нема ништо друго освен „два модифицирани збора“

Редакција

Украина го одби ултиматумот на Русија за предавање на Мариупол

Редакција