еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од денеска почнува Велигденскиот пост: Стожерот се воздржание, молитва, милосрдие и љубов

Од денеска почнува Велигденскиот пост, во пресрет на најголемиот христијански празник Христовото воскересение, кој годинава се празнува на 5. мај.

Она што е најважно за постот, освен воздржувањето од одреден тип на храна, е пред се духовната подготовка.

На секој верник, духовникот му одредува правило во однос на постењето со храна, согласно неговата телесна и здравствена (не)моќ. Но она што е суштината, е човек да се преиспита, да ги осознае сопствените гревови, да се покае, да се сврти малку повеќе кон духовното, наспроти материјалното.

„Неопходно е да се подготвиме и да се вооружиме со христијанските добродетели: воздржание, молитва, милосрдие и љубов. Овие добродетели треба да бидат стожерот на нашиот од во постот. Без нив, тој би бил само една обична диета, без никаква длабока духовна вредност. Во нашиот современ живот видлив е култот кон телото на човекот и немајќи со што друго да се пофали, модерниот човек сѐ повеќе се изразува себеси преку телесната голотија и физичките атрибути, а сѐ поретко преку добродетелите на душата.

Оваа опсесија со физичкиот изглед и со многуте диети што се следат како модни трендови, во никој случај не смее да се поистовети со светиот пост, ниту да нѐ одвлече од вистинската суштина на блаженото воздржание, која е всушност преобразбата и облагородувањето на душата и срцето. Да, точно е и тоа дека постот е здрав и за телото, но неговата примарна вредност е дека ни е даден како средство за духовно и душевно лекување, препорачано од Самиот наш Спасител,“ вели Епископ Партениј, Игумен Бигорски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Разговор со јеромонах Кирил за духовната страна на Велигденскиот пост: Да постиме пред сè, од злото во себе

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопски „Бетон“ го доби тендерот за рехабилитација на патот Куманово-Страцин вреден 7 милиони евра

Редакција

Четири месеци откако почина, Јана ја „доби“ долгата судска битка што ќе ѝ дадеше шанса да се лекува во странство

Редакција

Убава вест: 288 оздравени од Ковид-19

Редакција