Од 1. април Европската Унија (ЕУ) ќе го возврати ударот на САД со царини од 25 отсто, за увоз на челик и алуминиум, информираа од Европската комисија.
Според претседателката Урсула фон дер Лајен, се очекува тие да изнесуваат околу 26 милијарди евра.
„Длабоко жалиме за оваа мерка. Секогаш ќе останеме отворени за преговори. Ние цврсто веруваме дека во свет полн со геополитички и економски несигурности, не е во наш заеднички интерес да ги оптоваруваме нашите економии со царини.
Царините се даноци. Тие се лоши за бизнисот, а уште полоши за потрошувачите. Овие тарифи ги нарушуваат синџирите на снабдување. Тие носат несигурност за економијата,“ изјави Фон дер Лајен.
Комисијата соопшти дека производите од челик и алуминиум ќе бидат погодени со реципрочните мерки, но и текстилот, кожните производи, апаратите за домаќинство, куќниот алат, пластиката и дрвото.
Ќе бидат погодени и земјоделските производи – вклучувајќи живина, говедско месо, некои морски плодови, јаткастите плодови, јајцата, шеќерот и зеленчукот.
Фото: Unsplash