еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Од 1. март можен нов ценовен шок за граѓаните, завршува мерката „гарантирана цена„

Од 1. март (петок) нема повеќе гарантирани цени за храната.

Владината мерка истекува на 29. февруари, а од Владата и Министерството за економија најавија дека истата нема да се продолжи.

Па така од петок лебот, млекото, сирењето, јајцата, тестенините, пилешкото и меленото месо, овошјето и зеленчукот и други производи, ќе се продаваат по пазарна цена.

Спас за граѓаните може да биде донесувањето на Законот за забрана на нефер трговски практики, кој треба да стави ред во нелојалната конкуренција во трговијата и да доведе до намалување на цените на прехранбените производи.

Но, тој од декември се уште е во собраниска процедура.

А и да донесе Законот, трговците ќе имаат рок од шест месеци да склучат нови договори со производителите и дистрибутерите, така што евентуалното намалување на цените ќе може да се почуствува од септември.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Некои угостители „потфрлија“: Пазарните инспектори бркани од локалите и понижувани

Редакција

Потврдени заклучоците за проширувањето на ЕУ со Западен Балкан, со промените што ги бараше Софија

Редакција

Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција