еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од 622 прекршоци за само еден ден, 111 биле за пребрзо возење

Министерството за внатрешни работи (МВР) спровело засилена контрола на сообраќајот, при што за само еден ден биле санкционирани 622 прекршоци, информираа пд таму.

Најмногу казни се изречени за возење со неприлагодена брзина (111), минување на црвено светло (31), како и користење мобилен телефон при возење (41).

Како што информираа од МВР, полицијата открила и 58 возачи без возачка дозвола, а санкционирани биле и 30 лица кои не носеле сигурносен појас. Меѓу казнетите има и 12 мотоциклисти кои биле затекнати без заштитна кацига.

„Во рамки на контролата, во пет случаи беше утврдено дека возачите управувале возило под дејство на алкохол, а дополнително беа казнети 14 пешаци за различни прекршоци. Исто така, од сообраќај беа исклучени пет технички неисправни возила, а 15 нерегистрирани автомобили беа отстранети“, се вели во соопштението.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните прописи, особено во пресрет на викендот и прославите за 8. Март, со цел да се намали бројот на несреќи и да се зачува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови вработувања во МРТ

Редакција

Управниот одбор даде амин за преземање на РЖ Економика од кавадаречки ГМЛ

Редакција

Нема ниту еден историски доказ за постоење на македонски народ и македонска држава, вели копретседавачот на бугарско-македонската Комисија

Редакција