еМагазин
Image default
Техно

Од 9 до 12. мај научен конгрес „Science@FEEIT“ во организација Факултетското студентско собрание на ФЕИТ, годинава за прва пат со гости од регионот

Најновите научни истражувања, зајакнување на регионалната соработка и креирање на цврсти врски помеѓу академската и деловната заедница ќе бидат во фокусот на научен конгрес „Science@FEEIT“, која ќе се одржи од 9 до 12. мај 2024 година во Скопје.

„Science@FEEIT“ е во организација на Факултетското студентско собрание (ФСС) при Факултетот за електротехнички и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, кој годинава ќе се одржи по четврти пат.

За да се зајакне соработката помеѓу студентите, факултетите и бизнис заедницата, годинава „Science@FEEIT“ за прв пат ќе биде организиран на регионално ниво и ќе учествуваат и претставници на техничките факултети од регионот.

„Science@FEEIT“ е платформа која служи за размена на иновациите во науката, најновите истражувања во областа на техничките науки и зајакнување на партнерствата и соработката помеѓу професорите и студентите. Покрај тоа оваа платформа има за цел и градење на цврсти мостови помеѓу студентите и деловната заедница и поголемо вмрежување.

Преку овие активности „Science@FEEIT“ придонесува за подигнување на квалитетот на стручни знаења но истовремено се подобрува квалитетот на кадар на пазарот на труд.

На годинешното издание на „Science@FEEIT“ ќе се презентираат најновите достигнувања во неколку панели, поделени во теми. Панелите се посветени на теми како вештачка интелигенција и машинско учење, но и теми поврзани со кариерно насочување по завршување на студиите, а свои излагања ќе имаат професори, претставници од бизнис заедницата и млади истражувачи.

„Science@FEEIT“ е поддржан и од бизнис заедницата пред се од компании од неколку различни индустрии и тоа телекомуникации, енергетика, информатичка технологија и други полиња од областа на инженерството. Претставниците на компаниите кои ја поддржуваат конференцијата ќе имаат можност за презентација на иновациите што се имплементирани во нивното работење, а ќе можат да ги презентираат и условите за работа пред студентите кои се во завршните години од своето образование.

„Во ера на брза дигитализација, иновации, вештачка интелигенција и целосна трансформација на општествата, јакнењето на врските помеѓу академската и деловната заедница е од клучно значење. Така се овозможува размена на искуства и знаења, но истовремено се поттикнуваат иновации, нови истражувања и континуирано надоградување што е клучно за нас студентите.

Наша цел е да придонесеме кон постојано унапредување на нашите знаења и зајакнување на соработката со сите релевантни страни бидејќи така ќе се стекнеме со знаења кои се бараат на пазарот на трудот и ќе придонесеме кон унапредување на едукацијата. Имаме огромна поддршка од сите наши професори и целокупниот научно наставен кадар, што е од огромно значење. Драгоцена е и поддршката од деловната заедница и се надеваме дека соработката ќе се продлабочува во следниот период“, истакнаа од Факултетското студентско собрание при ФЕИТ.

Покрај „Science@FEEIT“ Факултетското студентско собрание активно работи и на организација на неколку други настани посветени на посебни сегменти од електротехничките науки какo Tech@FEEIT и Applied@FEEIT, а се работи за препознатливи научни настани со неколку годишна традиција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Компанија на Илон Маск вгради мозочен чип кај човек

Редакција

Самсунг и Мајкрософт: Далечинскиот пристап при работењето е во пораст

Редакција

Претставен Galaxy Z Fold2: Спој на елеганција и автентични иновации

Редакција