еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Отворен стечај за “Еуроникел индустри”

Основниот суд во Кавадарци денеска отвори стечајна постапка за “Еуроникел индустри”, поранешен „Фени“.

За стечаен управник е назначен Ацо Петров од Скопје, а стечајниот предмет е поведен по предлог на тројца доверители – прилепска компанија, јавно претпријатие од Кавадарци и вработени во фабриката.

Како што пренесе државната агенција МИА, анализата за 2019, 2020, 2021 и 2022 година, која на денешното судско рочиште ја престави стечајниот судија, Љубица Зајкоска, покажува дека фабриката цело време бил во добивка, но последната година, таа била 26 пати помала од 2019 година.

-Анализата за 2022 година покажува дека вкупни побарувања има над пет милијарди денари, или 5.748.924.154 денари, а обврски, близу пет милијарди, или 4.823.845.233 денари.

Според имотен лист, компанијата нема недвижен имот. Има возила, залихи роба во готови производи никел, резервни делови и ситен инвентар, канцелариска опрема и залихи и авто делови во централен магацин, рече Зајкоска, нагласувајќи дека 670 вработени побаруваат по четири плати во вкупен износ од 133.823.193 денари.

Таа додаде дека книговодствено, компанијата има побарувања и од домашни и странски субјекти и од државни институции, но нивната веродостојност ќе се испита во отворената стечајна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка преговара со повеќе инвеститори за купување на имотот и опремата на Еуроникел

Комерцијална банка стана газда на Еуроникел

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Летонија – потенцијален нов пазар за ,,Грин машинс“ на Брако

Редакција

Што знаеме за вакцината „АстраЗенека“ и колкав е ризикот?

Редакција

Промени во Одборот на директори на „Европа“

Редакција