еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се бараше повеќе од три години: „Падна“ и последниот осомничен во предметот „Планина“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по вчерашното лишување од слобода на лицето од селото Грчец, ќе ја продолжи истражната постапка против него, информираат од таму.

-Лицето е последниот осомничен во предметот „Планина“, кој по наредба на Обвинителството се бараше со централна потерница повеќе од три години заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик, велат од таму.

Истражната постапка за предметот „Планина“ беше отворена во март 2021 година против 28 лица членови на две организирани криминални мрежи.

Во тогаш спроведените акции на територијата на селото Грчец и скопската населба Гази Баба беа лишени од слобода 22 лица, а петмина беа во бегство и за нив истрагата беше прекината до нивно пронаоѓање.

Од септември 2021 година до август 2023 година четворица од осомничените меѓу кои и првоосомничениот беа се лишени од слобода, по што истражната постапка против нив продолжи.

Единствено недостапно беше лицето кое во текот на вчерашниот ден беше уапсено.

Обвинетите се правосилно осудени на затворски казни од 3 до 8 години, на детето во судир со законот му беа изречени воспитни мерки во траење од 1 до 5 години, додека за три лица беше донесена Наредба за запирање на истрага, од кои за две предметот е препратен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство – Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен наркодилер од Грчец, првоосомничен во „Планина“

Изречени три пресуди во предметот „Планина“ 

Уште седуммина од „Планина“ се спогодија со Обвинителството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 193 случаи на Ковид-19 од 1.192 тестирања, бројката на активни случаи е 19.978

Редакција

Кривична пријава против шест полициски службеници за пречекорување на овластувањата

Редакција

(ВИДЕО) Италијанските медиуми објави фотографии од убиеното семејството Поцеста од Дебар

Редакција