еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Пет бронзи за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат во Сараево

Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 викендов се одржа во Сараево, а каратистите на „Макпетрол“ освоија пет бронзени медали. Стефан Стојановиќ и Данило Божовиќ се закитија со по две одличја, додека Јована Мицовска оствари еден пласман на третата позиција.

На шампионатот што се одржа во главниот град на Босна и Херцеговина учество земаа 1.234 каратисти од 13 држави со 1.297 натпреварувачки влезови.

Членовите на скопски „Макпетрол“, кои се дел од македонската репрезентација, се закитија со вкупно пет медали во поединечна и во екипна конкуренција во дисциплината кумите (борби). Три одличја се во поединечна, а две во екипна конкуренција. Сите медали се освоени во највозрасната категорија на помлади сениори (У21).

Најдобриот млад каратист на Македонија, Стефан Стојановиќ (+84 кг.), загуби борба од грчкиот натпреварувач Петрос Стефанидис и не се пласира во финалето. Резултатот беше нерешен (1-1), но поради прв освоен поен претставникот на Грција имаше можност да се бори за злато. Стојановиќ потоа во репасаж извојува две победи и го освои бронзениот медал. Тој ги оствари следните резултати против: Углеша Пејовиќ (Србија) 1-0; Норик Халилосмани (БиХ) 6-0; Умит Ерџан (Турција) 3-3; Душан Бијелиќ (Црна Гора) 4-2.

Во категоријата -61 кг., членката на „Макпетрол“, Јована Мицовска, ги оствари следниве резултати против: Јована Чалиќ (Црна Гора) 8-0; Сена Кизиласлан (Турција) 3-6; Лариса Адријана Ивашчу (Романија) 6-0; Нурсена Атиџи (Турција) 6-1.

Данило Божовиќ (-84 кг.) го оствари овие резултати против следните натпреварувачи: Кемал Незириќ (БиХ) 3-2; Дејан Миленков (Бугарија) 0-0; Немања Микулиќ (Црна Гора) 2-9; Александар Новицки (БиХ) 3-0.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Леонид Индов замина на лекување во Виена, тој е првиот пациент кој со медикоптерот е транспортиран во друга држава

Редакција

Во прилепската болница осми ден нема операции, се чекаат резултати, извршена е вонредна дезинфекција

Редакција

Одобрено обвинението за „Поштенска банка“

Редакција