еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Bocca Di Lupo: Нова софистицирана приказна со вкусна храна, пријатна музика и уникатен изглед

На површина од 7.000 метри квадратни, ресторан, хотел со 35 соби и базен со pool bar, е старо-новоиот хотел Mirror и софистицираниот fine, wine and dine Bocca Di Lupo каде љубителите на убава храна, одлична атмосфера и место за релаксација ќе можат да уживаат.

– Самото име Bocca Di Lupo, значи „среќно-со среќа“, нашиот light мотив има за цел таа позитивна вибрација која го носи самото име да се пренесе и на нашите ценети гости, рече на официјалното отворање на ресторанот Дејан Петрушевски, кој е менаџер и на хотелот „Мирор“ во рамки на целиот комплекс.

Ресторанот нуди уникатно и незаборавно доживување, секое катче има уникатен дизајн, секој елемент од ресторанот е внимателно избран од највисоките светски брендови, почнувајќи од приборот за јадење, кристални чаши, чиниите и се останато.

Исто така во рамки на комплексот има ексклузивно детско катче и играчки за најмладите гости, перална и рент а кар, се со цел ги задоволи сите потреби за целосно задоволство, спокој и уживање на една фамилија, патник, гостин.

– Нашиот шеф на кујна, Љупчо Корковски е врвен кулинар-експерт, кој своето долгогодишно искуство го стекнал во повеќе ексклузивни ресторани во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, а храната  е врвен спој на внимателно избрани специјалитети, микс од повеќе кујни: италијанска, медитеранска и ориентална кујна, а се со цел да ги задоволиме вкусовите на сите наши ценети гости, дури и на најпребирливите, вели Петрушевски.

Внатрешниот дизајн на ресторанот е осмислен и создаден од архитектката Катерина Кајевска Теодорова, додека надворешниот дизајн на комплексот е на архитектот Крсте Петров.

Главната идеја дошла од самото име Mirror, бидејки ресторанот е во склоп на хотелот.

– Користевме огледало и стакло како и сјајни текстури и истите ги комбиниравме со текстури на дрво, со цел да го оплемениме просторот. Со формите игравме многу, всушност тие беа лајт мотив на оваа приказна. Просторот е изваден од временски и стилски контекст, што го прави необичен и многу слободен и неограничен. Ова е место во кое буквално секое ќоше може да го предизвика вашиот фотоапарат, вели Теодорова.

Капацитетот внатре е предвиден за 130 гости, а на летната тераса 170 гости, додека целиот ресторанот се наоѓа на површина од 1.000 метри квадратни.

– Bocca Di Lupo ќе нуди разновидна музичка програма со ексклузивни пејачи и групи и останати спектакуларни настани. За прекрасното и незаборавно новогодишно доживување, ќе се погрижи нашата драга Викторија Лоба со нејзиниот бенд и диџеј @foodieman, а за вкусните гастрономски специјалитети е задолжен нашиот шеф Љупчо Коркоски.

Новогодишното мени е  врвен микс од најпрефинетите светски деликатесни јадења, специјално избрани за нашите ценети гости, додава Петрушевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заменик министерката Тренчевска го демантира министерот Велковски

Редакција

Бебето заразено со морбили пуштено дома, Комисијата за заразни болести со сет мерки за превенција

Редакција

Двајца наши лекари кои биле на конгрес во Мадрид се тестирани на корона вирусот

Редакција