еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заменик министерката Тренчевска го демантира министерот Велковски

На денешната прес-конференција на техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, реагираше неговата заменичка Јованка Тренчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 2.200 граѓани незаконски примале социјална помош, обвинува министерот Велковски

Според неа информации кои ги споделил Велковски, не биле плод на неговата работа и дека нема докази за изнесените обвинувања.

-Без конкретни информации со завршени записници, факти и докази министерот излегува во јавност и се користи со лажни обвиненија, кои инаку се дел од информациите на тековно работење на Министерството.

Набрзо деновиве ќе ги имаме конкретните записници по овие констатирани податоци, посочуваат од нејзиниот Кабинет од каде велат дека не се работи за непостапување на службениците од социјална заштита, туку за замајување на јавноста со нерелевантни податоци.

-Според Законот за социјална заштита секогаш кога ќе се утврди бесправна исплата на правата од социјална заштита лицата ги враќаат средствата. Истата пракса ќе се спроведи ако министерот најде било какви неправилности за исплата на Гарантирана минимална помош и социјална пензија.

До денес во секој случај каде е утврдено дека корисникот дал лажни информации за поседување на имот, правото од социјална заштита се укинува, а корисникот го враќа добиениот паричен надоместок.

Изминатите 50 денови министерот Велковски со јавноста не сподели ниту еден релевантен статистички податок, ниту еден факт и ниту една теза до денес не ја одбрани со аргумент, велат од таму.

Фото: Фејсбук/Тренчевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Ој, Вардаре македонски“ во изведба на Марија Спасовска шеста нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“

Редакција

Мицкоски: Сценариото на оската ДУИ – СДСМ и структури од поранешното раководство во ВМРО-ДПМНЕ нема да помине, уставни измени нема да има

Редакција

(ВИДЕО) Испишана историја: Приватна компанија прв пат испрати астронаути на НАСА во вселената

Редакција