еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца наши лекари кои биле на конгрес во Мадрид се тестирани на корона вирусот

Двајца наши лекари кои присуствувале на конгрес во Мадрид се тестирани на корона вирус, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Лекарите во државата пристигнале во саботата вечер и се во домашна изолација, откако нашето министерство добило информација од Светската здравствена организација (СЗО) дека на тој конгрес еден од предавачите имал корона вирус.

Филипче потенцираше дека многу е мала веројатноста лекарите да се заразени, бидејќи немале контакт со тој предавач, а и кратко престојувале на конференцијата односно ден и половина.

Но превентивно тие биле во домашна изолација, и денеска се тестирани на корона вирус.

Сите патници кои викендов дошле во Македонија преку граничните премини и на аеродромите биле испрашани, и според Филипче, немало сомнителен случај.

Во однос на забраната за укинување на мерката до 6 март да нема јавни собири, Филипче рече дека ако ситуацијата е ваква како што е, и резултатите од пациентите кои се во домашна изолација се во ред, тогаш ќе ја укинат мерката, но ситуацијата се следи секојдневно.

Поради административни проблеми со царинска регистрација на алкохолот за дезинфекција метанол, Филипче го препорача изопропил кој го има во аптеките, а ги има истите својства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради корона вирусот Драмскиот театар во Скопје го прекинува репертоарот до 6 март

Вкупниот број на смртни случаи од коронавирус низ светот надмина 3.000 лица

Се што треба да знаете за корона вирусот и зошто нема потреба од паника

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за правда ги објави имињата на учесниците во работната група за уставните измени

Редакција

На Османи и Џафери им е поважно албанското знаме, отколку функционирање на правото и законите?

Редакција

Пентагон: САД испраќаат дополнителни 7.000 војници во Германија

Редакција