еМагазин
Image default
Свет

Во Лондон прогласена вонредна состојба поради „омикрон“, нагло се зголеми бројот на заболени и хоспитализирани

Градоначалникот на Лодон, Садик Кан прогласи вонредна состојба во градот, откако нагло се искачи бројката на хоспитализирани луѓе во главниот град на Велика Британија, со симптоми на Ковид-19.

Во медиумите се наведува дека забрзаното ширење на сојот омикрон е главната причина за зголемувањето на заразата, а градските власти биле приморани да реагираат, бидејќи во болниците било тешко да се пронајде слободен кревет, а воедно и голем број на луѓе вработени во јавните претпријатија на Лондон биле оневозможени да се појават на работните места, бидејќи биле заразени.

Се очекува Кан во наредните денови да излезе со план за функционирањето на милионскиот град во вонредни услови.

Засега пабовите се отворени, но во нив повторно ќе треба да се носи маска и да се држи дистанца.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Словачка ќе ја укине забраната за увоз на четири стоки од Украина

Редакција

Ковид-19 забрзано се шири меѓу лица на возраст од 25 до 59 години низ целиот свет

Редакција

Земјотресот во Турција би можел да биде најсилен во историјата на земјата, оценуваат сеизмолозите

Редакција