еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пиротехниката во дискотеката во Кочани ја донел бендот, концертот бил одржан на диво, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски информираше дека пиротехниката во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја донел бендот ДНК, а лицето кое било задолжено за нивна употреба е починато.

Концертот според него бил одржан „на диво“, бидејќи немало писмен договор меѓу организаторот и оддржувачите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Ако утре ме нема, тажни да не ве гледам“, пееше Андреј, групата ДНК загуби седум членови

Тошковски го потенцираше и наодот од обвинителот Љупчо Коцевски дека дискотеката работела во објект чија што намена е лесна индустрија, а не угостителство, и во неа имало само два противпожарни апарати.

„МВР не било известено за таков настан. Таква информација до нас не е доставена. Согласно закон, пропишано е како треба да се обезбедува ваков настан,“ изјави Тошковски.

Како што и до сега е познато, потенцираше дека од „прскалките“ започнале првите искри по што се запалил таванскиот простор и кровната конструкција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко) Први снимки од почетокот на пожарот во дискотеката во Кочани, во кој загинаа најмалку 30 лица

Обвинителство треба да утврди дали пиротехниката требала да поседува одреден сертификат за употреба.

По завршување на увидот ќе и се соопшти на јавноста за типот на пиротехника.

„За жал ниедна власт не видела потреба за носење нов закон, кој ќе се донесе до крајот на оваа година,“ додаде Тошковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не штитете некој кој треба да е зад решетки, порачува Наталија сопругата на Андреја Ѓорѓиески

(Видео) Немало хидрант, резервниот излез за евакуација бил заклучен со катанец без брава: Хорор услови во т.н дискотека

Цел свет виде како системот во Кочани за пари уби деца

Фото: ДНК/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Како изгледаше настапот на Васил Гарванлиев на Евровизија

Редакција

Поради негативни коментари, Град Скопје ја прекина кампањата во која наградуваше парично фотографии од седење дома

Редакција

Несаканата бременост на Петре Шилегов

Редакција