еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

АД за станбен и деловен простор без оглас се договори со „Декон-ком“ за непредвидени работи на објектот Државни институции

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје во постапка со преговарање без претходно објавување на оглас склучи договор со друштвото за производство,трговија градежништво и услуги Декон-ком ДООЕЛ увоз-извоз Скопје за извдба на непредвидени работи за изградба на објект Државни институции – Централно градско подрачје на Град Скопје-Мал Ринг во Скопје.

„Постапката со преговарање без претходно објавување на оглас согласно со член 99, став (1), точка 4, алинеа 1 од Законот за јавни набавки е предложена бидејќи изведбата на непредвидените работи за изградба на објект Државни институции ГП 7.1.1 ДУП Централно градско подрачје на Град Скопје-Мал Ринг во Скопје во оваа фаза на изградба не е можно технички или економски да се одделат од Основниот договор, од 20.08.2015 година“, пишува во обрзложението.

Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ изнесува 21.970.033 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сител лани најгледана телевизија

Редакција

Вкупно 828 заразени од корона вирусот: Рекордни 68 нови случаи, најмногу во Скопје, Куманово и Прилеп

Редакција

Сезонава само 379 регистрирани случаи на грип, најмногу заболени кај децата до 4 години

Редакција