еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Нема договор меѓу приватниот превозник „Слобода превоз“ и Град Скопје, Градот засега нема пари за подмирување на долговите

Нема договор помеѓу приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“ и Град Скопје.

Директорот на претпријатието, Ленин Јовановски, најави дека автобусите на линиите кои не сообраќаа денеска, нема да сообраќаат и утре, а за другите линии ќе се одлучи по средбата со превозниците.

– Иако состанокот беше напорен и траеше толку долго за жал не можам да кажам дека се договоривме за нешто конкретно. Заклучокот беше дека Градот Скопје во моментов не може финансиски да помогне и да гарантира со одредена сума заради тоа што ребалансот на буџетот се уште не е поминат и единствено што може да се зборува за решавање на состојбата е дури после 40 дена со новиот буџет, изјави Јовановски по средбата со генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров.

Автобусите на приватниот превозник „Слобода превоз“, на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, денеска не возат поради заостанат долг од Град Скопје кон приватниот превозник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работници неможат да стигнат на работа: Сообраќаен метеж низ Скопје, приватните автобуси не возат, во тек реконструкции на неколку сообраќајници

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмалку 99 жртви и стотици исчезнати во пожарите на Хаваи

Редакција

Детален преглед: 62 компании кои котираат на Берзата оствариле добивка, 27 загуба во првиот квартал

Редакција

За одбраната на Мијалков, одлуката на Апелација е законита и праведна

Редакција