еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Најмалку 99 жртви и стотици исчезнати во пожарите на Хаваи

Најмалку 99 лица загинаа во пожарите на Хаваите, изјави гувернерот Џош Грин, додавајќи дека бројот на жртви може да биде значително поголем. Овие пожари се најсмртоносните во САД во последните 100 години, објави „Гардијан“.

Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати додека пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарите и спасувачките екипи пребаруваат низ остатоците од историскиот град Лахаина. Грин рече дека обемот на штетата од пожарот е „неверојатен“.

Пожарот ги уништи речиси сите згради во градот со 13.000 жители. Со повеќе од 2.700 оштетени или уништени објекти и изгорени повеќе од 2.100 хектари земја, Федералната агенција за управување со вонредни состојби ги процени трошоците за обнова на Лахаина на 5,5 милијарди долари. На жителите на Лахаина им е дозволено да се вратат во градот.

Грин изјави за Си-Би-Ес Њуз дека официјалните лица очекуваат да најдат помеѓу 10 и 20 луѓе дневно во текот на следната недела и пол.

„Како што услугата за мобилни телефони полека се обновува, бројот на исчезнати се намали на околу 1.300 од повеќе од 2.000“, рече Грин.

Тоа се најсмртоносните шумски пожари од 1918 година кога 453 луѓе загинаа во шумски пожар во Минесота и Висконсин, според Националното здружение за заштита од пожари (NFPA).

Причината за пожарот се уште е под истрага. Поранешниот американски претседател Барак Обама, кој е роден на Хаваи, во неделата се појави во видео во кое ги промовира напорите за собирање средства за обнова по пожарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Срамнет Мауи на Хаваи, до сега 89 загинати: Најголема природна катастрофа во последните 100 години

(Видео) Од рај се претвори во пекол: Најмалку 55 лица загинаа во пожари на Хаваи

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 14 заболени од Ковид-19

Редакција

Продаден блок акции од „Гранит“ за 448.000 евра

Редакција

Џебна брошура „Записи за Кораб“: Промовирани убавините на планината, неоткриени врвови, езера, водопади

Редакција