Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови, но не само во Скопје, туку и во другите градови, каде што имаме универзитетски кампуси и центри, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Осумнаесет милиони евра ќе бидат вложени за двата државни студентски дома во Скопје, „Кузман Јосифовски- Питу“ и „Стив Наумов“,
Реконструкцијата на овие студентски домови е во тек, а истата се очекува да биде завршена следниот период.
„Тие два студентски дома ќе бидат реконструирани и таму е почната реконструкцијата. Во периодот кој што следи очекуваме таа да биде завршена. Мислам дека во моментов се изведуваат електричните инсталации, но исто тоа ќе биде проектирано и во другите универзитетски центри во државата. Така што, тоа е и едно од оние ветувања кое што го ветивме за студентите и за младите“, истакна Мицкоски.