еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Под мотото Инженерството ја гради иднината – на 9 и 10. мај по петти пат ќе се одржи меѓународниот конгрес Science@FEIТ

На 9 и 10. мај во Скопје ќе се одржи петтото јубилејно издание на меѓународниот конгрес на техничките факултети Science@FEIT при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје.

Организатор на овој престижен меѓународен конгрес е факултетското студентско собрание при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФСС ФЕИТ).

Свеченото отворање ќе се одржи на 9. мај 2025 година, во DoubleTree by Hilton, а конгресот ќе продолжи на 10. мај во просториите на ФЕИТ во Скопје.

Под слоганот „Инженерството ја гради иднината“, Science@FEIT отвора дијалог за улогата на инженерството во современото општество, охрабрувајќи ги младите да размислуваат храбро, критички и интердисциплинарно.

Во рамките на конгресот ќе се одржат предавања за најновите научни и технолошки достигнувања во повеќе области како што се електротехника, телекомуникации, сајбер безбедност, машинско учење, вештачка интелигенција, авијација и слични дисциплини.

Зелената транзиција, идните перспективи на енергетскиот сектор, дигиталната трансформација на општествата и заштита од сајбер закани, ќе бидат темите на панел дискусиите.

Свои излагања на Science@FEIT ќе имаат професори, истражувачи, претставници на институции и на домашни и регионални компании водечки во овие области.

Една од главните цели на Science@FEIT да создаде платформа за поголема соработка помеѓу приватниот и јавниот сектор и иницирање на проекти кои ќе ја интензивираат вклучувањето на науката во реални проекти.

На Science@FEIT ќе бидат организирани практични работилници за зајакнување на вештините кај студентите, а ќе има простор за поголемо вмрежување помеѓу студентите и компаниите.

Настанот се одржува со поддршка на JetBrains, Македонски Телеком, Infineon Technologies, EVN Македонија, Gerresheimer и Цементарница УСЈЕ.

Сите дополнителни информации може да ги добиете на нашиот инстаграм профилот @fssfeit.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Завршни зборови за „Монструм“: За Фетаи нема сомнеж дека обвинетите се петкратните убијци од Смилковско Езеро

Редакција

Што Македонија веќе исполни од условите кои ги бара Бугарија, согласно Договорот за добрососедство

Редакција

Обвинител наредил да се испита Ковид-19 кај починат тетовец

Редакција