Пожарот на Галичица се уште е активен и се гаси и од небо и од земја. Утрово имаше апел, сите физички спремни доброволци да се пријават кај планинарската куќа Спиридон со свој алат – мотика или гребло.
„Најважно е да бидете физички спремни со основна планинарска опрема, вклучувајќи чевли и друго. Досега само по 3-4 доброволци на ден се пријавувале, затоа да се собереме во поголем број за да ја спасиме Галичица,“ стои во апелот на социјалните мрежи.
Имено, пожарникари, припадници на планинската спасителна група, ренџери од НП Галичица, членови на алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид, и доброволци, веќе 11 дена се ангажирани во гаснењето на пожарот на Галичица.
Од Националниот парк Галичица апелираат да не се шири паника, бидејќи нема опасност по населените места.
Чад од пожарот го прекри Охрид, а во Охридско Езеро биле забележани саги.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) 11 дена гори Галичица, пожарот се шири кон Охрид
Фото: Игор Бансоклиев