еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Познато колкав поткуп примил битолскиот хирург, доби и осумдневен притвор

Хирургот од ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, М. С. (64), кој истовремено бил и на раководна позиција во болницата, доби осумдневен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен хирург од битолската болница, примил мито по извршена операција

Тој е уапсен за примање мито од 150 евра во болницата, а од Основното јавно обвинителство Битола споделија и други нови детали за случајот.

На 27. јануари тој извршил операција на жолчно ќесе врз пациентка, а потоа индиректно, преку сведок, побарал од синот на пациентката да му даде пари во износ од 150 евра за да се почастел за извршената работа.

Синот следниот во просториите на болницата, во плик му дал на осомничениот три банкноти од по 50 евра.

Откако хирургот ги примил парите, бил извршен претрес, а овластени службени лица од СВР Битола ги пронашле и ги одзеле парите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

50 скопски јавни институции се вклучуваат во хуманитарна акција за Леонид

Редакција

Од вечерва на полноќ стапува на сила забраната за увоз на јаглен од Русија

Редакција

Максим Димитриевски: Моето исклучување од СДСМ е желба на поединци

Редакција