еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Денеска посебен сообраќаен режим и затворени улици поради улична трка

Поради одржување улична трка, денеска во периодот од 8:30 до 10:30 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на неколку булевари и улици во Скопје.

Од СВР Скопје информираа дека мерки за посебен режим на сообраќај ќе бидат преземени по сообраќајниците по кои ќе се движат натпреварувачите, а кои имаат стартна позиција на булевар Илинден кај Фонтана.

Учесниците во трката ќе се движат по булевар Илинден до крстосницата со улица Никола Парапунов, потоа до крстосницата со булевар Партизански одреди, десно (кон населба Ѓорче Петров) до мостот Влајко, каде што ќе вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со улица Љубљанска, каде вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на улица Никола Парапунов и по булеварот Илинден до целта на локација кај Фонтана.

Од СВР апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓаните помалку да возат, да работат од дома, да ги исклучуваат климите: Вака ЕУ ќе се ослободува од руската нафта и гас

Редакција

(ВИДЕО) Езерото Калиманци пред еколошка катастрофа

Редакција

(Видео) Снимка од дрон од Мариупол сведочи за ужасот на војната во Украина

Редакција