еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Последната жирафа која угина во скопската Зоолошка имала рак

Последната жирафа во скопската Зоолошка, Флопи, која угина пред неколку дена имала рак, информираа од ЗОО Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Угина последната жирафа во скопската Зоолошка градина

Од таму посочуваат дека патохистолошкиот наод, микробиолошкиот и молекуларниот наод од Факултетот за ветеринарна медицина утврдил дека угинувањето на Флопи се случило како последица на малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови.

-Оваа подмолна болест е една од најфаталните во 21 век, од која како и луѓето, страдаат и голем број животни. Ракот на црниот дроб се смета за „тивок убиец“, а кај Флопи агресивниот карцином веќе метастазирал и во белите дробови, кој тешко се дијагностицира во рана фаза, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На 44 години почина негувателот на жирафи во скопската Зоолошка, по него и последната жирафа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продадени два блока-акции од НЛБ Банка за 390.000 евра

Редакција

(Фото) Голем пожар во Вејце „проголта“ куќи и штали, повредени пет лица

Редакција

Груби сменет од партиска функција, на негово место доаѓа Блерим Беџети: ДУИ со ново претседателство

Редакција