еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Гаши го одби Мицкоски, не сака да биде премиер

Предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши да биде мандатар за состав на нова Влада, наместо новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковечевски, за Алтернатива е неприфатлив од причина како што велат за МИА, партијата е дел од еден друг процес.

– Му благодариме на господинот Мицкоски за изразената почит кон претседателот Африм Гаши, но Алтернатива моментално е во еден процес кој е во тек и се уште не е завршен. Во овој период немаме причина и не можеме да зборуваме за ништо друго, изјавија од Алтернатива за МИА.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на прес-конференција изјави дека на ДУИ и Али Ахмети им предлага преку најмалку 61 пратенички потпис да ја поддржат идејата лидерот на Алтернатива Африм Гаши да биде мандатар за состав на нова Влада, наместо новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковечевски.

Тој ја повика и опозицијата на Албанците да го поддржи ваквиот предлог за премиер Албанец. Алијанса за Албанците со брза реакција најави дека ќе даде поддршка за евентуалниот ваков предлог.

Додека ставот на ДУИ е дека ваков предлог може да даде само претседателот на партијата Али Ахмети и ниту една друга партија, особено не ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски доби подршка од Алијанса за Албанците, Гаши да биде мандатар на преодна влада до предвремени избори

Мицкоски бара преодна влада до март на чело со Гаши и предвремени избори во мај или јуни

МИА/Фото: Гаши/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зеќир Рамчиловиќ избран за потпретседател на Собранието

Редакција

Со што го импресионирал Иванов папата Францсик

Редакција

Собранието склучи договор со Енерџи деливери солушнс вреден 479,6 илјади евра

Редакција